Македонија одигра 1-1 против Бугарија во првото искушение од новиот циклус во Лигата на нации. Бевме подобри, но, сепак, и бодот не е за потценување.
Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, вели дека Македонија може да жали за победата затоа што е едно ниво според квалитетот, над Бугарија.
“Ремито е можеби реално, иако според играта, мислам дека сме едно ниво над Бугарија. Но, не реализиравме неколку шанси во вториот дел, веднаш откако израмнивме. Сепак, видливо е дека најголем дел од играчите не се во најдобар ритам. Крај е на сезоната, имавме и неколку дена одмор, па сега сме повторно назад. Верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари”, изјави Елиф Елмас.