Рикардо Орта, фудбалерот на Брага ја спаси Португалија од пораз вечерва со голот на осум минути пред крајот, откако Шпанија на средина од првиот дел преку Алваро Мората поведе, а во завршницата Жорди Алба имаше колосална шанса за победа за „црвената фурија“, но ја промаши, па „европските Бразилци“ успеаа да освојат бод на отворањето на новиот циклус.
Ова е петто реми по ред во пресметките на Шпанија и Португалија, а вкупно 17-то во историјата на меѓусебните пресметки.
Ерлинг Браут Халанд, норвешката ѕвезда на Манчестер сити го освои Белград и со неговиот гол во 26-та минута, Норвешка ја победи Србија во пресметката во Б-дивизијата, во која Шведска со 2-0 славеше на гости во Словенија, со голови на Емил Форсберг и на Дејан Кулушевски.
Грција ја победи Северна Ирска со 1-0 на гостувањето во Ц-дивизијата, а Косово славеше кај Кипар со 2-0 во нашата дивизија, откако Македонија во „балканското дерби“ одиграа 1-1 на гости во Разград со Бугарија.
А-ДИВИЗИЈА: Шпанија – Португалија 1-1, Чешка – Швајцарија 2-1
Б-ДИВИЗИЈА: Израел – Исланд 2-2, Србија – Норвешка 0-1, Словенија – Шведска 0-2
Ц-ДИВИЗИЈА: Кипар – Косово 0-2, С. Ирска – Грција 0-1
Д-ДИВИЗИЈА: Естонија – Сан Марино 2-0