Фудбалерите на Лестер го совладаа ПСВ Ајндховен со 1:2 на гости и се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига, првиот меч во Англија заврши без голови.

Првото возбудување на стадионот „Филипс“ го видовме во 13. минута, се обиде Џејмс Медисон, но неговиот обид беше изблокиран. Само минута подоцна возврати ПСВ преку Марио Геце, немаше проблеми за голманот на „лисиците“ Шмајхел.

ПСВ поведе во 27. минута, Јури Тилеманс ја загуби топката на својата половина, Марио Геце го искористи тоа и со одлично додавање го проигра Ерон Захави, кој мајсторски ја погоди „малата“ мрежа за радост на домашните навивачи.

До крајот на првото полувреме Лестер се опорави од примениот гол и двапати се закани. Најпрвин се обиде Кастањ во 33. минута, а десет минути подоцна шанса имаше Медисон, двата пати голманот Мвого не мораше да интервенира.

Стрелецот на водечкиот гол за ПСВ , Захави имаше можност да го реши победникот во 59. минута, но по неговиот удар со глава топката заврши над пречката. Три минути подоцна, напаѓачот на Лестер, Патсон Дака, излезе сам пред голот на Мвога, но шутираше непрецизно и немаше промена на резултатот.

Шансата на Патсон Дака беше само навестување за израмнувањето на Лестер. Се играше 77. минута, кога резервистот Ајозе Перез направи пробив по десната страна, го проигра Џејмс Медисон и тој погоди за 1:1.

Лестер до целосен пресврт и пласман во полуфиналето стигна во 88. минута, кога Рикардо Переира налета на одбиената топка и ја испрати во мрежата за големото славје на гостите.

https://twitter.com/wyngback/status/1514673749252980738?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514673749252980738%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Flk-veliki-preokret-lestera-za-polufinale-463999