Манчестер Јунајтед загуби во последното коло од Премиер лигата од Астон Вила на „Олд Трафорд“ (0: 1).
Црвените ѓаволи имаа можност да спасат бод но при досудениот пенал топката ја зеде Бруно Фернандеш наместо Кристијано Роналдо. Португалскиот играч за врска ја вивна топката во облаци, а многумина шпекулираа дека ова е неговиот последен пенал што некогаш ќе го изведува за Манчестер Јунајтед.
Сепак, изгледа дека Роналдо ќе мора да почека за статусот на безбеден прв изведувач. Во интервју за англиските медиуми, Фернандез откри дека доколку бил досуден пенал против Виљареал, повторно тој би бил изведувачот.
“Шефот назначува изведувач на пенали пред секој натпревар, тоа не е одлука што се носи само еднаш. Пред натрпреварот со Виљареал, тој повторно ми рече да изведам пенал”, изјави Фернандес за БТ Спорт по натпреварот.
Инаку, тој има одличен процент на успешност од 38 реализирани пенали од 42 обиди во кариерата, што е над 90% успех. Роналдо е со 111 гол од 139 обиди за 80% успех.
Во следното коло, Јунајтед ќе го пречека Евертон в сабота од 13:30 часот.