Македонските голмани Никола Митревски (Порто) и Борко Ристовски (Вардар), кои имаа брилјантни изданија оваа недела во третото коло во ракометната Лига на шампионите, се најдоа на првото односно второто место во „топ пет“ одбрани во оваа рунда во елитното натпреварување.
Митревски собра 16 интервенции на гостувањето на Порто кај Динамо Букурешт, а една од интервенциите е избрана за одбрана на колото во ЛШ.
Ристовски, исто така беше брилјантен на голот на Вардар во големата победана црвено-црните против европскиот вицепрвак Алборг, собирајќи 16 интервенции, а двојната одбрана по еден седмерец во воведните минути од вториот дел му го донесе второто место во „топ пет“.