Француската ѕевзда Оливие Њокас, кој даде седум гола во големата победа на Вардар против европскиот вицепрвак Алборг, од кои шест во второто полувреме се најде во најдобриот тим во третото коло во Лигата на шампионите во традиционалниот избор на ЕХФ ТВ.

Њокас се најде во најдобриот тим на позицијата лев бек, но немаше место за ниту еден од двата македонски голмани, Ристовски или Никола Митревски, кои имаа одлични настапи, зашто Родриго Коралес, голманот на Веспрем ја зазема таа позиција после поразот на европскиот првак Барселона во Унгарија.

ТИМ НА ТРЕТОТО КОЛО ВО ЛШ

ГОЛМАН – Родриго Коралес (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО – Хуго Дескат (Монпелје)

ЛЕВ БЕК – Оливие Њокас (ВАРДАР)

СРЕДЕН БЕК – Килијан Вилјемино (Монпелје)

ДЕСЕН БЕК – Иманол Гарсиандиа (ПИК Сегед)

ДЕСНО КРИЛО – Гаспер Маргуч (Веспрем)

ПИКЕР – Виктор Итуриза (Порто)