Франција го доби дербито против Шпанија со 28-26 и го освои првото место во групата 1 на СП во ракомет.
Првото полувреме беше израмнето (13-13), а Шпанија потоа водеше со три гола разлика (19-16). Но предноста почна да се топи и Французите во финишот ја презедоа контролата врз натпреварот и триумфираа со 28-26.
Маје, Дика Мем и Бриет постигнаа по четири гола за Франција, додека Фернандез беше најефикасен кај Шпанија со седум погодоци.
Правдата на натпреварот ја делеа македонските ракометни судии, Начевски и Николов.