На списокот на Флик го нема повредениот Рајан Госенс, како и Матс Хумелс и Илкај Гундоган, па два повратници во тимот се голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген и дефанзивецот од Борусија Менхенгладбах, Матијас Гинтер.
Серж Гнабри, Лирој Сане, Каи Хаверц, Марко Ројс, Леон Горецка, Џошуа Кимих, Томас Милер, Тимо Вердер се ѕвездите кои ќе дојдат во Скопје во пресметката од овие квалификации. Германија има желба да ни се реваншира за мартовската историска победа на Македонија во Дуисбург, кога направивме светска сензација со триумфот со 1-2.
Македонија пред дуелот со Германија игра на гости со Лихтенштајн, а Германците ја пречекуваат Романија во седмото коло закажано за 8 октомври од 20.45 часот.