Репрезентацијата на Нов Зеланд очекувано успешно ги мина континенталните квалификации и влезе во дополнителниот квалификациски циклус за Светското првенство .

Сензацијата не се случи, Нов Зеланд ги совлада Соломонските Острови со 5-0 во финалниот натпревар од квалификациите на Океанија за Светското првенство и ќе игра во последното коло од квалификациите.

142. репрезентација од ранг-листата на ФИФА не можеше да му парира на многу подобриот Нов Зеланд, кој го потврди статусот на најдобра репрезентација во таа зона.

Во победата од 5-0 стрелци за Нов Зеланд беа два пати Бил Туилома и еднаш Крис Вуд, Џо Бел и Метју Гарбет.

Новозеланѓаните ќе играат против Костарика, која заврши на четвртото место во северноамериканските квалификации.

https://www.youtube.com/watch?v=8FmmDpMd0tY