Аргентинската ѕвезда Лионел Меси постигна убав погодок за ПСЖ во ремито (1-1) против Бенфика во Лигата на шампионите, а со него урна уште еден рекорд. Тој е првиот фудбалер кој постигнал голови против 40 различни тимови во Лигата на шампионите.
Најмногу од нив ги има постигнато против Арсенал (9), а по осум против Милан и Селтик.
Кристијано Роналдо веројатно затоа сакаше и оваа сезона да игра во клуб што настапува во Лигата на шампионите. Тој остана на голови против 38 различни екипи во ЛШ.
На третото место е Карим Бензема (34).
https://twitter.com/433/status/1577784862622228481?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1577784862622228481%7Ctwgr%5E79b1f8e53db835cbe246f172c96babf092dbc1fe%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fmesi-e-bog-postigna-golovi-protiv-40-razlichni-timovi-vo-lsh%2F