Манчестер Сити на домашен терен на Итихад ремизираше екипата на Кристал Палас затоа што прими гол во финишот (2-2), а момент за полемика имаше во првото полувреме кога голманот бразилецот Едерсон не доби црвен картон после грубиот старт врз противничкиот напаѓач.
Чуварот на мрежата го напушти голот и со лизгачки старт буквално го покоси противникот. Евидентно е дека стартот е на нога, а не на топка, надвор од казнениот простор, судијата не му додели црвен картон. Не реагираше ниту ВАР технологијата.
Судиите на теренот и оние во ВАР-собата се често во фокусот на вниманието во Англија, така ќе биде и овој пат.