Холандскиот првак Ајакс го промовираше своето најново засилување. Во Амстердам пристигна мексиканскиот репрезентативец Хорхе Санчез.

Мексиканецот доаѓа од Клуб Америка, а со „копјаниците“ потпиша четиригодишен договор. Санчез минатата година беше избран во најдобриот тим на мексиканската лига.

Во дресот на репрезентацијата на Мексико дебитираше во 2019 година, а наредната година со Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри.

Тој помина четири сезони во Клуб Америка каде одигра 150 натпревари и постигна два гола.