Луксембуржаните го освоија второто место во групата Б и затоа ќе вкрстат со црвено-жолтите кои се први во А-конкуренцијата, со максимални три победи. Полуфиналето ќе го играме в сабота, од 15 часот, а во второто Швајцарија ќе има улога на фаворит со второпласираната од нашата група, Летонија.
Швајцарците попладнево го совладаа Луксембург со 28-26, иако помалата земја водеше со 16-13 на паузата и до пет минути пред крајот. Тоа значи дека Луксембург не е наивна репрезентација, како на пример Турција и Косово кои ги совладувавме со 15, односно со 23 разлика, иако допрва ќе се види односот на квалитет.
Македонија го осигура првото место во својата група со убедлив триумф денеска и против домаќинот Летонија, со 33-23. Целта е да се освои првото место на ЕХФ-шампионатот, кое ќе значи пропусница за Светското првенство У-19 идното лето и Европското У-20 за две години.