Откако гостинскиот играч го промаши ударот, домашниот ракометар возврати со капчиња во главата, а потоа настана хаос на теренот. Но, подоцна некако ситуацијата се смири и крајот на натпреварот беше тензичен
На нисколигашкиот натпревар од српската лига меѓу Врбас и Колубара атмосферата ескалираше во 53. минута и настана целосен хаос на паркетот. Во водство беше гостинската екипа од 24-23, а домашниот голман одбрани удар од девет метри. И кога тргнаа во полу контра имаше еден погруб фаул, а потоа… Не се знае кој јаде а кој пие.
Сето тоа траеше неколку минути, публиката скокна во теренот за да ги раздвои „завојуваните“ страни и на крајот успеаја да ја смират ситуацијата и да го доиграат натпреварот. Врбас славеше со 27-26, а по 60 минути тензичен меч ракометарите на двата тима се поздравија и си подадоа рака.