По натпреварот на кој фудбалерите имаа точка направена од црвен кармин на лицето и со тоа традиционално го истакнаа проблемот со насилството врз жените, новинарката беше нападната и полицијата покрена истрага.
“Жал ми е, но не можете да го направите тоа. Не можете” – изјави шокираната италијанска новинарка Грета Бекаља по тосканското дерби меѓу Емполи и Фиорентина (2-1) во директен пренос кога непознат навивач ја плесна по задникот, а друг ја пцуеше и и покажа среден прст.
https://twitter.com/m1ssour1/status/1464955082156523528?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1464955082156523528%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.24sata.hr%2Fsport%2Fvideo-sramotan-napad-dirali-novinarku-usred-javljanja-uzivo-799703
Полицијата по непријатните настани во Емполи покрена истрага поради наводна сексуална злоупотреба, а новинарката преку социјалните мрежи побара да и помогне да ги пронајде сторителите.
– Ова е неприфатливо во 2021 година. Помогнете ми да ги најдам тие луѓе – напишала таа.
Сето ова се случи по натпреварот и тоа баш во викендот кога сите италијански клубови традиционално се вклучија во кампањата за намалување на насилството врз жените.