Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќното издание.
Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина во коментарите под фотографијата го нападнаа бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за недозволиво). Неговата објава предизвика повеќе од 50.000 коментари и доби два и пол милиони лајкови.
“Срам да ти е, го предаде исламот. Ти си муслиман и не смееш да го славиш Божиќ. Тоа го знаеш!“, „Ова не е наш празник“, „Веќе не си гордоста на Арапите“, „Срам да ти е името“, „Престанете да го следите овој човек“, коментарите се со најмногу лајкови. Има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува како ги почитува другите религии.
Салах и минатата година објави фотографија во божиќното издание. А тогаш многу муслимани го нападнаа египетскиот фудбалер во коментарите.