Рене Игуита секако е еден од најпознатите голмани во светот на фудбалот, а ја воодушеви јавноста со своите потези на теренот.
Легендарниот Колумбиец ја заврши кариерата во 2009 година по заминувањето од Переира и одлучи дека е време да ги закачи ракавиците на клин и да се обиде да заработи како тренер.
Игуита секако е еден од најлегендарните голмани на сите времиња, а многумина најмногу го паметат по натпреварот против Англија кога со „скорпија“ ја исфрли топката од гол линијата по ударот на Џејми Реднап.
Овој Колумбиец често беше во центарот на вниманието поради неговите потези на натпреварите, а доволно е да се каже дека во кариерата успеа да постигне дури 41 гол иако беше голман.
Игуита често беше мета на критики бидејќи неколку пати беше позитивен на кокаин, а не криеше дека понекогаш ја користи таа дрога, поради што на крајот на 2005 година беше принуден да ја заврши кариерата.
Тогаш Игуита реши да биде дел од реалното шоу на „Cambio Extremo“ каде луѓето јавно покажуваат како одат на пластични операции бидејќи сакаат да го променат својот изглед, а шоуто стана многу популарно кога во него се појави легендарниот голман.
Игуита потоа решил да направи неколку операции за да го промени својот изглед и рекол дека му е доста од слушање приказни за тоа колку е грд.
„Уморен сум од овие приказни за тоа колку сум грд. Сакам да бидам згоден и убав Рене и затоа се решив на овој чекор“, рекол тој.
Прво направи операција на носот, а потоа стави силиконски имплант во брадата, па направи пилинг на кожата, корекција на очните капаци, липосукција и зголемување на стомачните мускули. По операциите изјави дека сега конечно е среќен и задоволен од својот изглед.
Набргу по сите овие операции, во емисијата беше објавена негова фотографија, а многумина беа изненадени колку ликот му се промени.
Говореше и за пријателството со најголемиот нарко бос на сите времиња
Во 1993 година, Хигуита беше под голем притисок од властите за време на апсењето на најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Есобар.
“Кога започна потерата по Пабло, сите негови пријатели беа уапсени. Ми вршеа притисок да го изневерам, но навистина ништо не знаев. Не бев негов пријател”, рекол Игуита, додавајќи:
„Луѓето мислеа дека сум негов пријател бидејќи отидов да го посетам во затвор. Властите знаеја дека сум невин, но во потрага по него ги испрашуваа сите што го посетуваа“, рече Игуита.
„Да имам фотографија со Алваро Урибе, сите би рекле дека сум политичар. Да ја имам со герилци, тие би мислеле дека сум герилец, а вака би рекле дека сум дилер на дрога. Благодарен сум на него за градењето фудбалски игралишта кога никој тоа не го бараше и тоа е се“, рече Игуита.
Кралот на кокаинот Пабло Ескобар беше убиен на 2 декември 1993 година во Меделин