Златан Ибрахимовиќ дванаесет пати беше прогласуван за најдобар шведски фудбалер, последен пат во изборот за 2020. Оваа година титулата му припадна на играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Емил Форсберг, кој за прв пат во кариерата ја доби оваа награда.
На истите избори, Ибрахимовиќ, кој освои десет од тие награди од 2007 до 2016 година, беше втор. Дванаесет награди претставуваат шведски рекорд и во моментов се чини дека никој нема да го достигне. Прв до Ибрахимовиќ е Виктор Линделоф, двапати прогласен за најдобар. Две такви награди имаат и Фредрик Љунгберг, Томас Бролин, Патрик Андерсон, Глен Хисен, Рони Хелстром, Хенрик Ларсон и Глен Стромберг.
Фудбалерот на годината во Шведска го избираат шведските новинари.