Фернандињо го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната, објави Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се трансферите во прашање. Бразилскиот играч за врска е во Сити од 2013 година.
Романо откри и дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола сакал Фернандињо да остане во клубот и следната сезона, но 37-годишниот фудбалер решил да замине од приватни причини и да се врати дома.
За Сити оваа сезона одигра 28 натпревари, од кои 13 ги започна од првата минута. Тој постигна два гола со три асистенции. Во својата кариера настапуваше за Атлетико Паранаенсе, Шахтјор Доњецк и Сити, а за бразилската репрезентација постигна два гола на 53 настапи.