Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло го постигна единствениот гол во финалето на Конференциската лига, кој ѝ донесе победа на Рома од 1-0 против Феенорд.
Заниоло привлече големо внимание на себе, но на површина испливаа и некои скандалозни детали од неговото минато.
Фудбалерот на Рома е мајстор за скандали, па често беше на насловните страни на медиумите, откако за само шест месеци ја остави бремената девојка Сара.
Потоа беше во љубовна врска со романската актерка Мадалина, која е една од најзгодните жени во светот.
Тука не беше крајот на неговите љубовни романси, затоа што ја „шутна“ актерката и почна врска со блогерката Кјара Насти.