Алиоски во Ал Ахли дојде ланското лето како слободен играч и потпиша двегодишен договор за пет милиони евра откако му заврши соработката со англиски Лидс, но во изминативе неколку месеци се поврзуваше со трансфери и враќање во Европа, а зимоска италијанска Верона беше заинтересирана за да го ангажира.
Според информациите, Алиоски е недостапен и Саудијците по секоја цена ќе го задржат без оглед на слабата актуелна сезона, но ќе градат тим за следната во која Ал Ахли би играл поважна улога. Поради тоа, нема да биде неочекувано ако Ал Ахли му понуди нов повеќегодишен договор на Алиоски.
Македонскиот репрезентативец кој остави силен белег на „Иланд роуд“ и понатаму е во фокусот на навивачите на Лидс, кои после секој слаб меч на нивниот миленик буквално молат за македонскиот репрезентативец да се врати во англискиот премиерлигаш, а и низа легенди на клубот во изминатиов период посочуваа дека најголема грешка на Лидс е што на Алиоски му било дозволено да си оди и не го задржале по секоја цена.
Алиоски сезонава за Ал Ахли има шест гола и шест асистенции во 23 меча