Искусниот Италијанец, кој втор мандат е на клупата на „кралскиот клуб“ после првиот кога ја донесе славната „десима“ (десетта еврокруна), сега е на чекор да го освои последниот трофеј од елитните лиги кој му недостига и да стане првиот тренер во историјата кој успеал да освои барем по една шампионска титула во петте најсилни лиги на светот.
Анчелоти има „скудето“ со Милан во 2004 година, премиерлигашка титула со Челси во 2010, па шампионски пехар во Лига 1 со ПСЖ следната 2011 година, а последен пат шампион беше со Баерн Минхен во Бундеслигата во 2017 година. И сега му недостига само шампионскиот пехар од Ла Лига, а во првиот мандат на клупата на Реал од 2013 до 2015 година освои сѐ, само не шампионскиот трофеј – ЛШ, светско клупско првенство, европски Суперкуп и Куп на кралот.
Инаку Анчелоти во кариерата има три пехари во ЛШ, двапати беше светски клупски првак, го освои и ФА-Купот на Англија, италијанскиот куп, два германски Суперкупови и три италијански Суперкупови.