Данило Доеки минута во 44 мин. донесе водство за Унион Берлин, а Пол Сегин на асистенција на Шералдо Бекер ја удвои предноста и ја обезбеди победата за Унион. Берлинците останаа во трката за шампионската титула со недопирливите Баварци, кои цела деценија доминираат во германскиот фудбал. Херта со поразот остана претпоследна како еден од фаворитите за испаѓање.
За Унион Берлин ова беше трета победа во низа во германската елита и сега имаат 36 бода колку и Баерн на првото место, а трет е РБ Лајпциг со 35 бода, додека Фрајбург со 34 е четврти откако славеше денеска со 3-1 против Аусбург.
Борусија Менхенгладбах со 4-1 го совлада Хофенхајм на гостувањето, а Мајнц го здроби Бохум и победи со 5-2, иако триумфот можеше да биде и поубедлив бидејќи домаќините имаа и 4-0.
Баерн од 18.30 часог го игра дербито на колото со Ајнтрахт Франкфурт.