Хрватскиот шампион Динамо Загреб ја доби пресметката со Локомотива со 2-1.
Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски постигна гол во 35 мин. за Динамо Загреб, за водство.
Ристовски кој откри што сѐ случувало во соблекувалната околу капитенот на „сините“ Аријан Адеми и бурата што се случи околу вториот македонски репрезентативец во Динамо, го скрши отпорот на Локомотива, откако претходно на загрепчани им беше поништен еден гол, имаа дирек и уште неколку шанси што не ги реализираа.
Батурина зголеми на 2-0 во 59.минута, а шест минути подоцна Пивариќ го постигна единствениот гол за Локомотива на овој дуел.
Голот на македонскиот репрезентативец може да го погледнете ТУКА.