Славија која го победи Фенербахче и во Истанбул, го повтори мечот и на свој терен, па идентично со 3-2 славеше и вечерва, а дека ќе одат во следната елиминациска фаза стана јасно уште по пола час, кога Шранц и Сор дадоа по еден гол.
Фенербахче се обиде да се врати, Јандас даде гол пред полувремето, но Сор со вториот гол во 63-та минута им ги урна надежите, па до крајот турскиот гигант само успеа да се избори за чесен пораз со втор гол преку Бериша.
Витесе имаше еден гол негатива по гостувањето во Виена (1-2) и успеа да го надополни со победата против Рапид во мечот кој го решија во првите 20 минути, откако Грбиќ и Беро погодија по две асистенции на Даса.
Солунски ПАОК ја надополни негативата од еден гол со дански Митјиланд од првиот меч (0-1), па се избори за продолженија по 90 минути со водство од 2-1, откако Данците се спасија од елиминација со гол на десет минути пред крајот.