Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб вечерва гостуваат кај шпанскиот гигант Севилја во нокаут-фазата од Лига Европа, а на средбата се очекуваат околу 1.500 навивачи од Хрватска.
Дел од навивачката група „Бед Блу Бојс“ пристигна еден ден пред натпреварот во Шпанија и веднаш почнала да прави проблеми, поради што полицијата морала да интервенира неколку пати за да спречи целосен хаос.
Полицијата соопшти дека во средата почнале да добиваат повици поради инциденти на хрватски навивачи, кои се тепале со противнички навивачи, а исто така се однесувале агресивно и кршеле излози.
„Во средата во центарот на градот имаше неколку инциденти кои ги почнаа навивачите на Динамо Загреб. Нивната навивачка група е позната по проблемите кои ги прави во европските градови“, соопштија од полицијата.