Македонскиот напаѓач е во одлична форма а тоа го докажа на куп наптреварот во Словачка. За неговата екипа Спартак Трнава 23-годишниот напаѓач постигна два гола. Спартак играше против Белуша и зебележа победа од 3:0.
Ова е добра препорака за селекторот Благоја Милевски да го има во комбинација можеби и за стартните 11 за наптреварот што Македонија ќе го игра против Ерменија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Катар 2022 година.