Со синоќешната победа на Ливерпул над Интер со 2-0 во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите, германскиот стратег на клупата на „црвените“, Јирген Клоп, стана првиот Германец во Лигата на шампионите кој успеал да дојде до 50 победи како тренер на клуб во најсилното европско клупско натпреварување.

Педесеттата победа за Клоп го стави и во групата на досега 8 стратези кои успеале да дојдат до оваа бројка. Рекордер по победи во Лигата на шампионите е поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон (102), а по него следуваат Карло Анчелоти (94), Пеп Гвардиола (91), Арсен Венгер (86), Жозе Мурињо (81), Луис Ван Гал (57) и Рафаел Бенитез (53).