Селекцијата на Турција во фантастичен пријателски меч ја совлада Германија со 3:2 на „Олимпискиот стадион“ во Берлин и ја продолжи ренесансата под водство на селекторот Винченцо Монтела.
Фудбалерите на Германија не успеваат да дојдат до победа на пријателски натпревар во 2023 година.
Натпреварот се одигра во Берлин, град кој се смета за место со најмногу Турци во Германија (над 100.000 турски жители). Панцерите беа фаворити на хартија но беа изненадени од гостинот. Новиот селектор Јулијан Нагелсман лошо стартуваше пред германската публика.
Дуелот со гол го отвори Каи Хаверц уште во 5. минута, но пред крајот на првиот дел, во 38. и 45. минута, Кадиоглу и Јилдиз направија целосен пресврт (1-2). На стартот на второто полувреме Фулкруг израмни на 2-2, меѓутоа Сари од пенал во 71. минута ги постави конечните 2-3 за триумф на Турција.
Германија на 21 ноември има контролен тест со Австрија на гостински терен.