Фудбалскиот сојуз на Кина ја донесе веројатно најнеобичната одлука во 2021 година на само два дена пред нејзиното завршување. Имено, кинеските фудбалски челници одлучија дека тетовираните фудбалери повеќе нема да можат да играат за кинеските клубови и репрезентацијата.
„Нема договор со клуб, нема репрезентација, ако имаат тетоважи. Тие што ги имаат нека ги покриваат како што знаат затоа што во спротивно нема да играат. Фудбалерите мора да бидат пример за општеството, како и другите спортисти. Пример за здрав живот. однесувањето, но и изгледот мора да биде посебно и позитивно“, наведува Фудбалскиот сојуз на Кина.
Останува да видиме како тоа ќе се одрази на кинеската репрезентација која во своите редови има доста фудбалери кои имаат тетоважи на телото.