Фудбалската репрезентација на Македонија комплетно ја надигра Украина во првото полувреме на квалифицискиот натпревар за пласман на Европското првенство.
Нашиот национален тим водеше со 2-0 и тоа со погодоците кои ги постигнаа Барди и Елмас. Вистинско ремек дело беше погодокот на фудбалерот на Наполи кој во 39 минута имаше перфектен удар од далечина кој заврши во мрежата на Трубин за ерупција на навивачите на „Тодор Проески“. За жал во второто полувреме не успеавме да ја зачуваме солидната предност, па на крајот Украина успеа дури и да триумфира со 3-2.
https://twitter.com/macedoniaffmkd/status/1669789250768740372?s=20