Фудбалерите на Македонија имаа три гола негатива на полувремето на „Олимпико“ во Рим против Италија, но потоа Јани Атанасов со два гола ја врати надежта на нашиот национален тим. Но сепак, тој вели дека не може да биде среќен затоа што репрезентацијата го загуби натпреварот.
„Никогаш не може да бидеш среќен кога националниот тим ќе загуби. Но, драго ми е што постигнав два гола. Тогаш почувствувавме дека можеме да се носиме со големата Италија. Тргнавме по израмнување, но оставивме многу простор во одбраната и на крајот Италија постигна уште два гола. Верувам дека ќе ги анализираме грешките, треба добро да се одмориме и да се фокусираме за следниот дуел против Англија во Скопје“, изјави Јани Атанасов.