Хибернијан во саботата загуби на гости кај Глазгов Ренџерс (1-3) во меч од шкотскиот шампионат и остана на место кое води во Лигата за опстанок.
Освен поразот, гостите беа автори на бизарната ситуација при изведување слободен удар. Гостинскиот фудбалер ја направи глупоста на векот, досега нешто невидено на фудбалските терени. Тој сакаше да упати дијагонала преку теренот, но на патот му се најде неговиот соиграч, кого буквално го нокаутира со удар во главата. Ситуацијата да биде уште побизарна, одбиената топка погоди и втор негов соиграч во главата.
„Жртвите“ останаа да лежат на теренот не знаејќи што ги снашло, а „мајсторот“ за слободни стоеше во чудо не знаејќи како успеал да направи таква глупост на векот.