Тимот на Болоња ја оствари 16. победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи ја Салернитана со 3-0. Сега екипата на Тијаго Мота се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 57 бода и е на пат кон ЛШ, со шест бодови повеќе од Рома која во ова коло му гостува на Лече.
Во 14. минута со феноменалниот гол на Рикардо Орсолини домашните дојдоа во водство. Левоногиот офанзивец шутираше од работ на шеснаесетникот и погоди во спротивниот агол. Болоња постигна уште еден одличен гол на минута пред крајот на првото полувреме. Овојпат Алексис Салемакерс на мајсторски начин ја затресе мрежата на Салернитана (2-0).
Во финишот на мечот Ликојанис постигна трет погодок за Болоња и го потврди убедливиот триумф.
Болоња сега е четврта на табелата со 57 бода, два помалку од третопласираниот Јувентус. Салернитана е убедливо последна и има само 14 бодови.