Германскиот шампион Баерн Минхен брзо најде замена за Јулијан Нагелсман, кој има незадоволителни резултати оваа сезона. Во продолжение од сезоната, но и во следните две сезони, “баварците“ од клупата ќе бидат предводени од искусниот Томас Тухел. Баерн Минхен на социјалните мрежи го објави новиот тренер и дека тоа била одлука на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.
Баерн моментално е на второ место во Бундес лигата, со еден бод помалку од лидерот Борусија Дортмунд. Баварците во Лигата на шампиони се пласираа во четврт-финалето, каде за противник го имаат Манчестер Сити.
Ваквите резултати очигледно не беа доволни Нагелсман да го задржи местото на клупата на Баерн Минхен и во следниот период, бидејќи раководството на клубот е навикнато кога се работи за домашното првенство, да има голема предност пред останатите екипи.
Последниод анганжман на Тухел беше во екипата на Челзи.