Екипата на Баер Леверкузен го постигна четвртиот триумф по ред во германското првенство. Баер цврсто чекори кон титулата во Бундеслигата, откако победи против Мајнц со 2-1 и ја зголеми предноста на 11 бодови пред Баерн Минхен.
Гранит Џака по само три минути ја затресе мрежата на гостите, меѓутоа радоста на „фармацевтите“ траеше само до осмата минута кога Кор постигна гол за израмнување на 1-1.
Андрих го постигна вториот гол за домаќините во 68. минута, а потоа Мајнц остана и со играч помалку поради црвениот картон на Нганкам.
Избраниците на Чаби Алонсо имаат 61 бод на првото место, односно 11 повеќе од Баерн Минхен, додека Мајнц е претпоследен со 15 бодови.