Од екипата што во чекор го пратеше големиот Реал Мадрид се очекуваше да продолжи со добри резултати,но малиот каталонски тим врза три натпревари без победа, па сега не само што има шест бода негатива во однос на лидерот, туку дозволи Барселона да се доближи на само два разлика, на 13 кола пред крајот на сезоната.

 

Подобар од Жирона беше тимот на Атлетик Билбао кој на домашен терен триумфираше со 3-2 и го продолжи притисокот за пласман во Лигата на шампионите. Беренгер го отвори резултатот уште во втората минута, но малкумина тогаш помислија дека тоа ќе биде се од првото полувреме.

Второто беше далеку повозбудливо. Во 49. минута израмни Циганков, но 11 минути подоцна веќе беше 3-1 за Атлетик. Беренгер и Ињаки Вилијамс искористија две грешки на гостинскиот тим, Ерик Гарсија нешто подоцна намали на 2-3, но Жирона немаше сили да се избори барем за бод. Во финишот создаде неколку стопроцентни шанси за гол, ама мрежата на Атлетик не се затресе по трет пат.

Во 95. минута гостите имаа и колосална шанса за израмнување, но дефанзивците на Атлетик ја „симнаа“ топката од самата гол-линија. На крајот домашниот тим успеа да ја задржи предноста и славеше со 3-2, а со оваа победа стигна до 49 бода, два помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

За Џирона ова беше втор пораз во низа, но хитот во шпанската лига останува на втората позиција, со шест бодови помалку од лидерот Реал Мадрид.