Иван Николов, фудбалерот на дански Сондерјиске денеска ја обезбеди победата со голот уште во седмата минута. Можеше Николов да се прослави и со втор гол и да ја завери многу порано победата, откако имаше зицер на десет минути пред крајот, но лошо се обиде да го матира домашниот голман откако загуби драгоцено време за реализација за да се намести на посилната десна нога.
Имаше Македонија и среќа за да победи, зашто Швеѓаните направија шанси за гол, но им затаи комплетно реализацијата, но во најголем дел и немаа идеја како да дојдат до позиција, освен во завршните 20-на минути кога целосно притиснаа и создадоа неколку можности за кои комплетниот наш тим до последен атом од силите изгинаа за да не дозволат погодок, а две за наша среќа „викинзите“ и не ги реализираа, иако беа чисти шанси за гол.
Во судиското надополнување Македонија имаше уште една голема шанса, но овојпат дирекот ги спаси Швеѓаните, после шут од 20 метри на Тодоровски.
Македонија за четири дена ја чека вториот голем предизвик и тоа против првиот фаворит во нашата група, Холандија во Скопје.