Барселона и Ливерпул би можеле да направат размена на напаѓачи. Роберто Фирмино би можел да се пресели на „Камп Ноу“, а Мемфис Депај да замине на „Енфилд Роуд“. Тие се во последната година од договорите, па следното лето би можеле да изберат во кој клуб да одат без обештетување.
Медиумите пишуваат дека поради ова Барса и Ливерпул би можеле да ги разменат, а според нивниот профил и двајцата би можеле да се вклопат во новите тимови.
Фирмино би дошол како алтернатива за Левандовски, веројатно затоа што Чави би бил среќен да го има во тимот, што не е случај со Холанѓанецот, кого сакаше да го продаде летово.
Депај реши да остане и да се обиде да се наметне, но се уште нема преговори за нов договор.
Фирмино исто така не е блиску до договор со Ливерпул околу обновувањето на договорот, а со доаѓањето на Нуњез доби јасна порака дека ќе добие намалена минутажа оваа сезона.
Депај е три години помлад од Фирмино, кој следната недела ќе наполни 31 година.