Навивачот на Лион кој во неделата вечерта го удри Димитри Паје со шише во глава за време на дерби натпреварот од Лига 1 против Марсеј, денеска е осуден на дури шест месеци затвор. Сепак, таа казна може да се претвори во две години условна.
Покрај затворската казна, 32-годишникот доби и забрана за влез на стадионот во Лион во времетраење од пет години.