Статуа на Серхио Агуеро е откриена пред „Етихад“, а на социјалните мрежи веднаш почнаа да се шират коментари дека статуата на Агуеро не личи на него.
За волја на вистината, ликот на статуата повеќе потсетува на Тони Крос, кој набрзо проговори за оваа малку комична ситуација.
Новинарот Сајмон Стоун на својот Твитер профил објави слика од статуата и Серхио Агуеро кој дошол таму.
Тони Крос ја сподели таа слика со коментар: „Дали си сигурен?
Веднаш почнаа шегите за Сити.
Поединци напишаа дека е убав гест на Сити за тоа да му се заблагодари на Крос, кој го исфрли со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.