Англискиот гигант Челзи денес дојде до победа во лондонското дерби против Фулам со 1-0, но во завршницата на дуелот повторно следуваше драма, а голманот Ѓорѓе Петровиќ успеа да ја зачува мрежата на „сините“.
Челзи ја оствари третата победа по ред во англискиот шампионат, откако единствениот гол го постигна Кол Палмер од пенал во судиското надополнување на првиот дел. „Сините“, сепак, повторно не ги реализираа останатите шанси и му дозволија на Фулам во завршницата да создаде голема драма и да биде на чекор до бод.
Екипата на Маурицио Покетино со овој триумф скокна до осмата позиција и има 31 бод, додека Фулам остана на 13. место со 24 бодови.