Фудбалерите на Нотингем Форест направија изненадување и го совладаа Ливерпул (1:0), на стартот од 13. коло од Премиер лигата.
Решавачкиот гол беше виден во 55. минута, кога Алисон Бекер по одбиената топка, беше совладан од Таиво Авонији, момче кое порано играше за црвените, кој дури седум пати го испраќаше на позајмица.
Пред неговиот неодбранлив удар, Рајан Џејтс ја погоди стативата на Ливерпул по една топка која дојде до него од десната страна.
По овој, втор триумф сезонава, Форест стигна до деветтиот бод, оставајќи го Лестер повторно на дното на табелата.
Избраниците на Јирген Клоп по минималните победи против Манчестер Сити и Вест Хем доживеаја нов, трет пораз и моментално се седми со 16 бодови.
Имаа многу поголем посед на топката на оваа средба и се заканија преку Фабио Карваљо, Харви Елиот, Трент Александер-Арнолд, но Дин Хендерсон беше на висината на задачата.
Домашните не седеа со скрстени раце и имаа што да покажат во нападот, сепак Џеси Лингард, Рајан Џејтс, Морган Гибс-Вајт, Бренан Џонсон не беа толку успешни како Авонији.
Последните шанси, барем за бод, ги пропуштија Вирџил ван Дијк и Мо Салах во судиското надополнување.
Во следното коло Ливерпул го пречекува Лидс, додека Нотингем Форест ќе му гостува на Арсенал.
https://www.youtube.com/watch?v=CueOIftCWcsПремиер лига, 13 коло:
Нотингем Форест – Ливерпул 1:0 (0:0)
Авонији 55
16:00 Евертон – Кристал Палас
16.00 Ман. Сити – Брајтон
18.30 Челзи – М. Јунајтед
недела:
15:00 Астон Вила – Брентфорд
15.00 Лидс – Фулам
15.00 Саутемптон – Арсенал
15:00 Вулверхемптон – Лестер
17.30 Тотенхем – Њукасл
Понеделник:
21.00 Вест Хем – Бурнмаут