Кинезот Јиженг Женг не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Неапол, но тоа не ја намалува неговата радост оваа недела.
Иако во четврт-финалето беше поразен од Американецот Мекензи Мекдоналд со 4:6, 6:3, 6:2, бројот на освоени бодови на Женг беше доволен за историски резултат, пласман меѓу топ 100 на светската листа.
Верувале или не, но пред Женг, Кина никогаш немала тенисер во топ 100 на АТП листата.
Женг неделата ја започна на 109. место, а сега го обезбеди скокот на 97. позиција.
Неверојатно е како толку голема земја, која имаше Грен слем шампион во На Ли, и која организира големи турнири како Мастерсот во Шангај и Пекинг, за разлика од женскиот, никогаш немала асови во машкиот тенис.
Женг е од Шангај, има 26 години и е многу среќен што успеа да ја пробие таа бариера од соништата за Кинезите.
„Многу кинески тенисери имаат желба да се пробијат во топ 100, тоа е нашата цел. Би бил навистина возбуден ако тоа се случи“, рече тој ова лето на предизвикувачот во Брауншвајг.
Не требаше долго за да се оствари неговиот сон.
Тој ја започна годината надвор од првите 300 на листата, за да блесне ова лето на Челинџерите, главно на земјена подлога.
Загуби од Хамад Меѓедовиќ во финалето во Луденшајд, Германија, стигна до полуфиналето во Брауншвајг, во Трст до финалето, а потоа триумфираше во Корденонес, Италија, за да загуби во Грозицко, Полска од Чехот Томаш Мачах.
Се пласираше на УС Опен, загуби во првото коло од Тим ван Рајховен, а неодамна стигна до второто коло во Астана, а загуби во првото во Фиренца.