Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, го освои завршниот Мастерс турнир во Торино и покажа дека е еден од најдобрите во историјата, а победата во финалето му донесе и богата парична награда.

Ѓоковиќ во кариерата има заработено над 180 милиони долари и е прв тенисер на кој му успеало такво нешто.

Зад него е шпанецот Рафаел Надал со 134,6 милиони долари, а на третата позиција е Роџер Федерер со 130,5 милиони долари.