Калин Ивановски загуби во последниот квалификациски меч за пласман на челинџер турнирот во Бергамо, и не успеа да се пласира на челинџер 75 турнирот кој се игра за награден фонд од 73.000 евра.
По вчерашната победа над Италијанецот Алесио Балестиери, македонскиот тенисер денеска загуби од искусниот Михаил Кукушкин кој е речиси за 100 позиции подобар од Ивановски на АТП листата.
Ивановски одлично го почна мечот против Кукушкин, го доби првиот сет со 6-3.
Во вториот сет Ивановски уште на почетокот направи брејк, поведе со 2-0, но потоа следуваше негов пад. Кукушкин ги доби наредните четири гејма. Нашиот тенисер успеа да се врати, да го однесе сетот во тајбрејк, но таму загуби со 7-2.
Третиот решавачки сет му припадна на Кукушкин со 6-4, со еден загубен сервис на Ивановски.