Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите за челинџерот што се одржува во јапонскиот град Јокохама.
Тој оствари победа против Баи од Кина откако противничкиот тенисер го предаде дуелот пред стартот на третиот сет. Во моментот на прекинот, резултатот беше 1-1, Кинезот поведе благодарение на подобрата игра во првиот сет (6-4), а Ивановски го доби вториот со 7-5.
Прв противник на македонскиот тенисер на главниот турнир ќе биде Белгиецот Зизу Бергс кој е на 180. позиција на АТП листата. Натпреварот ќе се игра вечерва, во 2 часот по полноќ по средноевропско време.