Голем број навивачи на Јаник Синер сметаа дека требаше да загуби од Руне и со тоа да го елиминира Ѓоковиќ, а денеска истото јавно го објави угледниот италијански дневен спортски весник Газета дело спорт.
По финалето од завршниот Мастерс во Торино, Газета дури го искара младиот тенисер затоа што не загуби од Холгер Руне во третото коло од групната фаза, но и на чуден начин го опиша Новак Ѓоковиќ.
„Да беше Јаник Синер некој што сака лесни работи, ќе ги искористеше болките во грбот во дуелот со Руне и да го елиминира Новак Ѓоковиќ од турнирот. Место тоа, шампионите сакаат да победуваат во секој меч. Синер се бореше со Данецот, го победи и го врати во игра канибалот жеден за одмазда. Синер излегува на терен за последниот меч од завршниот Мастерс и се обидува да даде максимум против српскиот Супермен, освојувач на 24 Гренд слем трофеи, најдобар играч на светот веќе 400 недели и губи со 3-6, 3-6“, пишува во воведот од коментарот на Газета.
Новак Ѓоковиќ по седми пат триумфираше на завршните Мастерс турнири и уште еднаш покажа дека му нема рамен во светот на тенисот.