Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска славеше голема победа над Адитиа Карунаратне со 2-1 во сетови, односно 2-6, 6-4 и 7-6 и се пласира во осминафинале на турнирот во Египет.

Првата носителка одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6-2, но потоа нашата тенисерка Стоилковска со храбра игра славеше со 6-4 и 7-6 за пласман во следното коло.

Стоилковска во осминафинале ќе се пресмета со Италијанката Џулијана Бестети.