Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на Ролан Гарос, откако во драматична пресметка што траеше пет сета и повеќе од четири часа, го совлада подобро рангираниот италијанецот Јаник Синер (2-6, 6-3, 3-6, 6-4, 6-3).
Ова беше епска победа за Шпанецот во стилот на Новак Ѓоковиќ, со оглед што двапати губеше на стартот од мечот (0-1 и 1-2) исто како и српскиот тенисер во последните два меча во Париз кои потоа ги доби пред да се повлече поради повреда. Алкараз имаше повеќе сили во финишот, па со по еден брејк повеќе ги доби четвртиот и петиот сет и дојде до првото финале на Ролан Гарос. Негов најдобар учинок досега на овој гренслем беше пласманот во полуфиналето, лани и оваа година.
Шпанскиот тенисер за третата гренслем круна во кариерата в недела ќе ги одмери силите со подобриот од вториот полуфинален дуел помепу Каспер Руд и Александар Зверев.